Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

/

пред 2241 дена

Сподели преку :

Од утре сите граѓани на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа, решено е денес на седницата на Кризниот штаб во Белград.

Таа одлука ќе важи од утре, 15 август и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Таа додаде дека пропишаниот период од 48 часа започнува да тече од моментот на издавање на сертификатите од страна на лабораториите.

Кисиќ Тепавчевиќ посочи дека таквата одлука е донесена врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, како и врз основа на трендот на заболување од коронавирусот.

Таа изјави дека е донесена одлука од утре да не важат рестрикциите за граѓаните на Црна Гора во однос на влегувањето во Србија.

Денес Црна Гора најави укинување на забраната за влез во таа земја за српските државјани, а директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора , Бобан Мугоча, изјави дека услов за влез во Црна Гора, најверојато, ќе биде негативен тест за коронавирус