Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина Маврово одлучи – „Радика –Ресорт“ треба да ги урне дивоградбите

/

пред 1828 дена

Сподели преку :

Ги граделе без одобрение за градба а од општина Маврово – Ростуше инвеститорот доби рок од 15 дена да ги урне до темел. 9 –те типски куќи мораат да бидат отстраенти во спротивн тоа ќе го стори опптината ,а трошоците ќе ги платои инвеститорот. Сопственикот на змејиштетот „Радика- Ресортот“  градел без дозвола констатирла општината. Освен овие 9 , планирани биле вкупно 90 вакви објекти ,а што бурно реагираа околнтие жители.

Поставиле цокле и ѕидале, а на некои објекти стасале до поткровје. Сега имаат 15 дена рок да ги урнат 9-те куќи. Општината Маврово- Ростуше донесе решение за уривање и ги прогласи за дивоградба објектите кои експресно никнаа на брегот на мавровското езеро во близина на с. Леуново. Се градат на змејиште сопственост на „Радика – Ресорт“ ДООЕЛ , но без одобрение за градба.

Општина Маврово – Ростуше: „Објектите се во различна фаза и тоа повечето во фаза на изградено приземје на армирана бетонска плоча подигната на цокле, а мал дел од истите и отпочната градба на поткровје- бетонирани столбови и делумна исполнетост на ѕидовите со цигли сипорекс блокови а кои објекти се отпочнати со градба врз земјиште во сопственост на Радика Ресорт ДОО но без прибавено одобрение за градење на објектите од Општина Маврово – Ростуше, “

Општината во решението кое го објави МКД. МК наведува дека уривање секако ќе има. Ако тоа не го стори инвеститорот, багери ќе најми општината, а трошоците пак ќе ги плати инвеститорот. Ниту жалбата на инвеститорот не го одложува уривањето.

Типските куќи кои никнаа близу брегот на езерото недомна ги улови и камерата на Телма, по укажување на околните жители кои тврдат дека немааат редовно снабдување со вода се соочуваат со инфраструктурни дефекти и дека урбанизацијата за профит ќе има ја уништи животната средина чијашто вреднсот е непрецонелива.

ЕСМ која стопанисува со Мавровското Езеро уште во јуни минатата година издало забарана за градење во заштитениот појас кој опфаќа 50 мерти од максималната кота на аскумулацијата но тоа не е пречка во моментов токму во тој појас да се градат петанесетина куќи кои се дел од проект од речиси 90 такви објекти.

Павле Беловски