Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Организаторот на протестите во Тетово во притвор штрајкува со глад

/

пред 1839 дена

Сподели преку :

Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот во Тетово, од вчера штрајкува со глад во истражниот затвор „Скопје“, каде што се наоѓа во притвор. Раководството од заторот потврди дека притвореникот ги известил дека ќе штрајкува со глад, поради што домскиот лекар секој ден ќе му врши прегледи за да се следи неговата здравствена состојба.

По протестите во Тетово петмина беа уапсени и им беше одреден 8 дневен притвор. Тие учествуваа во протестите на 17-ти месецов, на кои се бараше одговорност за трагедијата со пожарот во модуларната ковид-болница, а дел од демонстрантите се судрија со полициските службеници.

Судирите со полицијата настанаа откако дел од демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на ДУИ, а претходно фрлаа со јајца по општинската зграда. На четворица од приведените ќе им се суди за учество во толпа што спречува службено лице да врши службено дејствие.