Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орце Камчев задржан на болничка опсервација во Систина

/

пред 1738 дена

Сподели преку :

Обвинетиот во предметот “Плацеви на Водно” Орце Камчев е хоспитализиран во приватната болница Систина откако денеска на негово барање околу 13.00 часот е префрлен од затворот Шутка во болницата, потврдија за Телма судски извори.

Кривичниот суд дозволил прегледи на Камчев во приватната болница во која е и член на директорскиот борд за првпат откако е во притвор односно од март оваа година.

Лекарите го прегледале и препорачале негово задржување за да се извршат дополнителни медицински анализи и процедури потребни за утврдување на неговата здравствена состојба која била оценета како влошена.

Пред 15-на денови Камчев исто така бил хоспитализиран но на државната клиника за кардиологија, а на тие прегледи присуствувале и лекари од Систина, објаснуваат изворите на Телма.

Вчера пак Камчев побарал преглед на клиниката Систина од лекарот кој го третирал до заминување во притвор, што му било овозможено од надлежниот суд.

Поради празниците, наредното рочиште е кон средина на јануари.