Дополнителни вакцинални пунктови се отворени во Тетово, а дел од нив работат и со трета смена. Како волонтер на еден од пунктовите во поранешниот дом на Армијата, синоќа дежурна трета смена одработи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Вели дека мотивите не се партиски ПР, туку обврска на секого, а особено на лекарите по професија да помогнат во што поголема мобилизиција за омасовување на вакцинацијата. Тетово е меѓу градовите со најмногу заболени,а најмал процент на вакцинација.











