Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворањето на границите не е закана за состојбата со Ковид-19

/

пред 2189 дена

Сподели преку :

Јавноста во прашалници. Како е возможно, отворање на границите, истовремено кога на сила стапуваат нови ограничувања за кафулињата и кафеаните.

Диџеите се на стендбај, но гостите од странство слободни да влезат во државата без да го приложат до вчера задолжителниот ПЦР тест, со кој докажуваа дека се негативни на вирусот.

Здравствените експерти застанаа силно во обрана на новите мерки, кои за голем дел од јавноста се нелогични и непромислени.

Отворањето на границите, велат, не е никаква закана, бидејќи вирусот е веќе широко распростанет внатре во земјата, а пандемијата може да стивне само доколку престане групирањето.

Тоа што веќе никој не зборува за кластерите, првиот човек на скопскиот вентар за јавно здравје го објаснува со податокот дека конфекциите и градинките почнале во целост да ги почитуваат мерките.