Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО отвори предмет за забавата во Прилеп

/

пред 2266 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против угостителски објект во Прилеп, кој во вечерните часови на 18 јули годинава организирал забава на која биле присутни поголем број посетители, спротивно на законските прописи и мерки за заштита во услови на прогласена пандемија од Ковид-19.

– Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази, информираат од ОЈО.

Од ОЈО информираат дека правното лице и одговорно лице физичко лице во правниот субјект се сомничат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик.