Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија

/

пред 1725 дена

Сподели преку :

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија, објавува „Фокус“.

Имено, партијата на македонското малцинство во Бугарија, ОМО Илинден Пирин доставила барање до претседателот за средба, на кое тој позитивно одговорил.

Од Кабинетот на Пендаровски за „Фокус“ потврдуваат дека претседателот прифатил средба со ОМО Илинден Пирин, а останува дополнително да се утврди датумот.

И копретседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков потврдува дека испратиле барање и добиле позитивен одговор од Пендаровски, но поради Ковид ситуацијата датумот треба дополнително да биде утврден.