Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за Би Би Си зборува за односите со Македонија нагласувајќи дека Бугарите во Македонија треба да добијат исти права како што ги имаат и Албанците. Но на прашањето зошто Македонците во Бугарија немаат исти права иако за тоа дека им се прекршени има многу повеќе докази, Петков нема одговор.











