Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот ги остави скопјани без изводи

/

пред 2214 дена

Сподели преку :

Ниту еден документ од матичните книги на родени, венчани и умрени денеска не можеше да се извади од Управата за водење на матични книги. Пожарот што вчера избувна во просториите на Министерството за животна средина не ги оштети просториите на управата, но исклучената струја ја прекина работата во целата зграда. Граѓаните кои дојдоа по документи,ги пречека лист хартија на кој е рачно напишано дека, поради пожарот шалтерите нема да работат. Збунето чекаа пред зградата, не знаејќи каде сега да се обратат.

Директорката на Управата само кратко ни објасни дека, поради прекинот на електричната енергија не им работи електронскиот систем за издавање на документи. За одговор кога ќе проработат, не` препрати во владината служба за општи и заеднички работи, но, директорот на службата не е достапен за информации.

Во пожарот се оштетени шест канцеларии на Инспекторатот за животна средина и просторно планирање. Уништена е и архивата на Инспекторатот, но како што информираа оттаму, имаат електронска евиденција за документитe. Во пожарот се уништени и дел од канцелариите на вториот кат каде се наоѓа Медиумската информативна агенција.

 

Далиборка Демјанска Цветановска