Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стојанов: Ако есенва се влоши состојбата со Ковид 19, ќе се вратат рестриктивните мерки

/

пред 2238 дена

Сподели преку :

Летово бројот на заразени речиси секојдневно остана троцифрен, но есента отвора многу дилеми за надлежните .

Со влошување на состојбата се враќаат рестриктивните мерки во многу земји во западна Европа и во светот- така и кај нас ако пораснат бројките на новозаболени, рестрикции  повторно ќе има, вели диркторот на скопскиот Центар за јавно здравје, Александар Стојанов кој учествува и на состаноците на комисијата за заразни болести.

Според Стојанов, најдобро може да се справиме со новите случаи и откривање на нивните контакти ако дневно има двоцифрена бројка на заразени од Ковид 19, од кои до 30 максимум да бидат во  Скопје,  се над тоа оди потешко. Тоа што бројките на заболени не се намалија како што се очекуваше вели се должи на непочитување на мерките .

Стојанов очекува оваа година да се зголеми бројот на граѓани кои ке примат вaкцина за сезонски грип. Лани се вакцинирале 40 илјади граѓани а стандардите на СЗО се  20 проценти од населението што значи дека би требало 400 илјади граѓани. Но тоа, според него, отвора и други дилеми и проблеми. На пример како за кратко време да бидат вакцинирани толку многу граѓани.

Елена Ивановска Мукоска