Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Попис без опозициска поддршка

/

пред 2186 дена

Сподели преку :

По 19 години, попис треба да има во април 2021-ва година. Со ваква намера, Владата го испрати во Собрание минатотогодишниот текст на законот. Пред да почне комисиското разгледување, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни против. Бараат консултации и почитување на принципите на Еуростат.

Власта ја повикува опозицијата на разумност, за да не се одолговлекува донесувањето на законот, а со тоа и самиот попис.

Минатата година, власта и опозицијата ги соочија ставовите во работна група но не успеаја да се договорат. ВМРО-ДПМНЕ бараше дефинирање кое население се смета за резидентно, кој може да дава податоци за отсутните членови на домаќинството и кои документи ќе бидат прифатливи, а пред се, одложување за една година. Заводот за статистика веќе почна со подготовките: набавени се над 5 илјади лап топ компјутери и софтвер за електронски попис, а летово спроведе и пробен во неколку пилот општини, со објаснување дека европски и светски стандард е одвојување на постојаните жители од оние кои се надвор од земјата повеќе од една година.

Соња Николовска