Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потребно е време за целосно да се изанализира начинот на лекување на починатата беровчанка

/

пред 2141 дена

Сподели преку :

Комисијата за стручен надзор при Лекарската комора почна да работи на случајот на  41-годишната беровчанка Довичниска, која почина на 14-ти ноември во штипското Инфективно одделение.

Од Лекарската комора велат дека потребно е време за целосно да се изанализира начинот на лекување и протоколите. Детали не откриваат, а резултатите од нивниот стручен надзор ќе ги објави Министерството за здравство. Сметаат дека е потребно време, за да комисијата квалитетно си ја заврши работата.

Во меѓувреме направена е нова реорганизација на штипското Инфективно одделение, а на медицинските сестри им помагаат колеги од други одделенија.

Над половина од 56-те хоспитализирани пациенти се во тешка состојба, направен е план за ставање во фубкција и на интензивната кардиолошка соба, каде што ќе се лекуваат шестмина помлади пациенти во тешка состојба.

Во источниот регион вчера регистрирани се 150 нови случаи, а двајца пациенти од Берово и Радовиш починаа во болничкли услови. Штипската болница денеска доби ново амбулантно возило, донација од Амбасадата на Германија, со што сега имаат три комплетно опремени возила.

Викторија Димитрова Јованова