Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна судењето Русковска против ВМРО-ДПМНЕ во Граѓански суд

/

пред 2201 дена

Сподели преку :

Инсинуации и клевета се двата предизборни спота во кои за обвинителката Вилма Русковска, се тврди дека поднесува обвиненија по нарачка на СДСМ  обрзаложи нејзиниот адвокат на подготвителното рочиште. Тие предизвикале болка анксиозност и загриженост кај шефицата на обивнителството за организиран криминал и таа бара 10 илјади евра оштета од 4 цата тужени, лидерот на партијата Мицкоски, овластениот претставник на изборната колација Игор Јанушев партијата ВМРО ДПМНЕ и коалцијата Обнова на Македонија но и замрзнување на сметката на коалцијата за оваа сума. Обвинителката 23 години работи професионално рече нејзиниот адвокат Панче Ефтимов според кого неаргументирано и неосновано била обвинета за лошо постапување.

Адвокатот на тужените Панче Тошковски го потенцираше вештачењето според кое обвинителката имала болка и анксиознот. Тоа вели ја доведува во прашање непристрасноста и објективноста  на  Русковска во сите предмети што обвинителството ги води против опозоцијата.  За спотовите адвокатот вели  биле саркастичен и автентичен начин за критика  а не лага или  клевета. Тошковски истакна дека треба да се почитва правото на слобода на изразување на мислата.

Обвинителката  Русковска и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска не се соочија во судница во Граѓанскиот суд но не ниту предвидено да бидат повикани и да сведочат.  Судењето продолжува  на 5 октомври кога во судницата  ќе се гледаат и двата предизборни спотови Криминална вистина и Штанд на лагите.