Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По 15 дена лекување почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово

/

пред 2281 дена

Сподели преку :

Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста, информираше на ФБ министерот за здравство Венко Филипче.

Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство, пишува Филипче.

Тој упати апел до колегите здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Филипче со апел и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.