Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв позитивен на корона вирусот во штипскиот затвор

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

Евидентиран е и првиот случај на заразен во штипскиот затвор.

Работел на набљудувачница, па немал контакти со осуденици, но петмина негови колеги се во изолација.

Директорот вели дека нема опасност за осудениците, се почитуваат сите протоколи, а осудениците добиваат и дополнителни средства за дезинфекција.

Во штипскиот регион активни се над 160 случаи, а во последните три дена има и речиси 60 оздравени од коронавирусот.

Но, денеска на Инфективното одделение пополнети се сите 35 кревети, од болницата смируваат и велат дека денеска нема потреба од селење на пациентите од одделот на Неврологија, со што ќе се ослободат дополнителни 15 болнички кревети.

Во Штип активните случаи се работници од фабричките кластери, но и членови на нивни семејства, заразени од фабриките има и во Свети Николе, но добра вест е што најголем дел го очекуваат вториот негативен тест, будно се следат двајцата работници од една конфекција и контактите на еден поштар кој на работа одел до средината на минатата недела.

Викторија Димитрова Јованова