ВМРО-ДПМНЕ објави уште еден скандал на директорката на Националната агенција за европски обраовни политики Лидија Димова.
“Избери сирење“ е насловен проектот за кој братот на пратеникот на СДСМ, Диме Велковски добил 125 илјади евра од Агенцијата.
Тоа е истиот човек кој добил и 80 илјади евра за дресура на магаре, обвинуваат од опозициската партија и повторо побараа оставка од Димова.











