Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протестот против онлајн наставата на тетовските средношколци продолжува

/

пред 2187 дена

Сподели преку :

Средношколците од Тетово бараат да учат со физичко присуство во училиштата. И денес се собираат за да го искажат незадоволството од донесените одлуки за следење на онлајн настава, бидејќи сметаат дека услови за тоа немаат сите ученици. Тие велат дека не се откажале од бојкотот, кој го изразуваат преку протестен марш. Велат дека се свесни дека пандемијата постои, но ним им е потребно образованието.

Гимназијалците претходно и на првиот ден од учебната година се собраа пред училишната зграда каде порачаа дека сакаат да учат од училниците, бидејќи голем дел од нив немаат средства за да купат компјутер и да следат настава преку интернет.

Досега во општина Тетово со физичко присуство учат само учениците од прво до трето одделение, бидејќи Комисијата не дала согласност на ниту едно училиште. Eдинствено согласност само за индивидуална настава за инструмент доби Музичкото училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“.

Данијела Билбилоска