Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест поради загадувањето на воздухот од фабриката Пејпер Мил во Кочани

/

пред 2233 дена

Сподели преку :

Жители и граѓански активисти со заштитни маски денеска пред кочанската фабрика за хартија Пејпер мил по трет пат протестираа.

Бараат да претстане загадувањето од фабричкиот оџак, сметаат дека и вонредните инспекциски контроли досега ништо немаат сменето.

Граѓанските активисти порачуваат дека не им е целта фабриката да се затвори, туку да се спречи загадувањето на воздухот.

Локалната власт ги поддржува граѓаните, иако не е во нивни ингеренции, сепак постојано се во контакт со раководството на фабриката и со државниот инспекторат за животната средина.

Активистите пред десеттина дена поднесоа и пријава до обвинителството против загадувањето од оваа фабрика за хартија.

Се заканија дека доколку не наидат на разбирање на нивните барања ќе ги интензивираат протестите во Кочани, а има и предлози и да ги преселат и во Скопје.

Викторија Јованова