Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рама со апел до Радев: Отворете го патот !

/

пред 1858 дена

Сподели преку :

Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Македонија која е во срцето на континентот – порача премиерот Зоран Заев на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“, на кој учествуваа и премиерот на Албанија, Рама, како и претседателот на Бугарија, Румен Радев и еврокомесарот за проширување, Вархеи.

Рама продолжи, во негов стил, на специфичен духовит начин да ја подвлекува апсурдноста на ситуацијата во која се наоѓаат Македонија и Албанија, апелирајќи до бугарскиот претседател Радев да ја отвори вратата на патот кон ЕУ.

Претседателот на Бугарија Радев, подоцна за бугарските медиуи изјави дека очекува притисокот врз Бугарија во наредните месеци на темата Република Северна Македонија да се зголемува.