Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рестартиран системот за попис  

/

пред 1852 дена

Сподели преку :

Надминат е техничкиот проблем за спроведување на пописот. Рестартиран е целиот процес, апдејтирани се сите податоци со цел да се отстранат какви било проблеми во иднина. Претставници од Државниот завод за статистика го посетија пописниот реон Куманово и Старо Нагоричане. Проблеми не се детектирани.

Во Куманово има доволен број попишувачи, ангажирани се 310 лица. Бојкот не е пријавен.

Досега не е изречена ниту една казна за одбивање на попишување. За лицата кои се во изолација , попишувачите ќе добијат нивни адреси и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот. Досега се попишани околу 150.000 лица.

Јулијана Пешевска