Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саша Богдановиќ ќе ја урива ресторантската терасa на Љупчо Ристовски – „Интегра“

/

пред 2192 дена

Сподели преку :

Лидерот на политичката партија „Интегра“ Љупчо Ристовски изградил летна тереса до ресторантот „Аманет“ во државниот завод за ревизија и сега има рок од три дена да ја урне.

Решението му го испорача општина Центар бидејќи заградил поголема квадратура од предвидената. Град Скопје си го повлекле решението, терасата станала дивоградба, и сега тече рокот, вели градоначалникот, Саша Богдановиќ

“Инвеститорот ДПТУ Примес КО Дооел, со седиште на ул. Павел Шатев бр.2, не поседува Решение за поставување урбана опрема, односно, челична конструкција обложена со стакло, пред деловниот објект на гостилницата „Аманет”. По приемот на ова Решение, инвеститорот во рок од 3 дена, ќе има обврска да ја отстрани градбата – челична конструкција пред деловниот простор.“ – тврди Богдановиќ.

На сметката на Град скопје во мај легнале 200,000 денари за комуналана такса за поставување урбана опрема во рамки на ресторантот „Аманет“ во барокното здание на државниот завод за ревизија.

Ристовски за Телма негира дека градел без дозвола, а тврдењата ги поткрепува со одлуката на Град Скопје да му дозволи летна тераса од 58 метри квадратни. Не  верува дека станува збор за политичка пресметка туку недоразбирање на двете општини.

Државниот завод за ревизија прво доби ресторант, на приземјето. „Аманет“ не проработи заради мерките против корона вирусот, па во мај сопствениците, семејството Ристовски одлучиле да постават монтажана тераса.

Ако не ја урнат самите, тоа ќе го стори општината,а а трошоците ќе ги платат тие. Мораат да рушат, иако можат и да се жалат.

Ристовски на суд ќе докажуваат дека граделе со амин на градската власт.

Павле Беловски