Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сашо Тасевски реизбран за директор на Бирото за јавна безбедност

/

пред 2174 дена

Сподели преку :

На денешната седница Владата го прифати предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Сашо Тасевски да биде именуван за директор на Бирото за јавна безбедност.

На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен, објави Спасовски на својот фејсбук-профил.

Тој му посака на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и досега, со, како што наведува, успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција.