Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано, одговори СДСМ на барањата на опозицијата Филипче и Хасани да депонираат оставки до Собранието. Ги нарече смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа. Во партиското соопштение СДСМ потенцира: „Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница“.











