Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Секогаш ќе има провокатори, заедничка цел е добрососедството, Петков разговарал по телефон со Ковачевски

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во изјава за бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Белград, рече дека имал телефонски разговор со македонскиот колега Димитар Ковачевски.

Петков коментирајќи оштетувањето на венците што бугарската делегација ги положи на гробот на Гоце Делчев во Скопје, кажа дека секогаш ќе има провокатори.

Петков очекува да има нулта толеранција за провокации и верува дека тоа никако нема да ја намали брзината или да ги спречи започнатите заеднички активности.

– Ние имаме заедничка цел, а тоа е добрососедството и добри билатерални односи, истакна бугарскиот премиер Кирил Петков.