Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се обеси тетовскиот професор осомничен за обид за силување на 8-годишно девојче

/

пред 2215 дена

Сподели преку :

Во затворот во Шутка се обеси, 61 годишен професор од Тетово осомничен за силување на 8 годишно девојче. Ова за Телма го потврдуваат од затворот од каде велат дека професорот бил во ќелија за други притвореници, но вчера кога требало да се реализира едночасовната прошетка во дворот на затворот, но тој не излегол од просторијата.

На стражарите им се пожалил на болки во стомакот па додека неговите цимери биле во дворот тој го искористил моментот за да го изврши самоубиството, велат од затворот. За дел од стражарите ќе бидат отоврени дисциплински постапки поради непочитување на процедурите.

Инаку тетовскиот професор беше уапсен на крајот на февруари за обид за силување. Мајката на девојчето го пријавила случајот кој тогаш беше опишан дека се случил неколку денови пред пријавата, а обидот го спречила токму мајката.