Силен земјотрес во Грција на 4 километри од Лерин е регистриран вечерва во 22.53 часот по средно-европско време.
Според Европската сеизмичка лабораторија потресот имал силина од 5.5 степени.
Земјотресот се почувствува и во речиси цела Македонија. Најсилно во Ресен и во Битола.
Земјотресот беше почувствуван и во Скопје.
Засега нема подетални информации за штети и повредени.
Битолчани на улица и вознемирени по серијата земјотреси на грчката страна од границата











