Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СОНК бара да се плати прекувремената работа на наставниците и хроничните да работат од дома

/

пред 2164 дена

Сподели преку :

Исплата на надомест за прекувремени часови поради зголемен обем на работа на просветните работници, бара Синдикатот за образование и наука. Претседателот на СОНК Јаким Неделков истакна дека тоа е законска обврска и обврска од Колективниот договор, а зголемениот обем на работа во училиштата се појавува во паралелките со физичко присуство каде учениците се поделени на две групи.

СОНК поради ширењето на епидемијата, бара и Министерството да ја преиспита одлуката за физичко присуство за првите три одделнија во основните училишта за да не се зголемува ризиокот по наставниците.

Неделков истакна и дека секој наставник кој сака и има услови да му се овозможи онлајн работа од дома, а не тоа да биде одлука за сите наставници.