Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со воен транспортен авион ќе бидат донесени телата на 45-мината загинати откако е потврден идентитетот на сите жртви

/

пред 1766 дена

Сподели преку :

Посмртните останки на жртвите кои загинаа во катастрофалната автобуска несреќа во Бугарија се идентификувани со ДНК профили, потврди утрово заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА.

Во идентификацијата учествуваа и експерти и професори од Институтот за судска медицина во Скопје.

Според МНР, транспортот на посмртните останки на 45-те жртви меѓу кои и 12 деца ќе биде организиран утре во петок.

Бугарската влада ќе помогне во транспортот и ќе обезбеди воен авион за пренесување на посмртните останки на 45-те жртви.

Досега нема никаква официјална информација од што изби и зошто бргу се прошири пожарот во автобусот на Беса транс кој всушност ги предизвика сите жртви во несреќата. Сосптвеникот на Беса транс е во Бугарија иако таму не се води истрага против него, но тврди дека е во Софија за да помогне во истрагата.

Бугарското обвинителство првично соопшти дека има 44 жртви и 8 преживеани иако подоцна се потврдија првичните информации за 7 преживеани кои скокнале од задниот дел на автобусот.

Скопското обвинителство води предистрага за случајот со лиценците и начинот на функционирање на Беса транс, откако беше утврдено дека кобниот автобус ја напуштил државата со лиценца за друг автобус и немало извадено документи за него за учество во меѓународен сообраќај.

Иако без документи за 400 дена колку што Беса транс го поседувала конкретниот автобус, тоа возило успеало да излезе преку граница 135 пати. Тоа значи дека автобусот секој трет ден без соодветна лиценца ја минувал границата. Најмногу овој автобус бил упатуван на линија кон Истанбул преку Бугарија и кон Драч во Албанија, а немал ниту еден транспорт кон земјите од западна Европа.

Исто така беше откриено дека двајцата возачи ангажирани за управување со автобусот кој изгоре, воопшто не биле вработени во Беса транс, а едниот од нив повеќе од една година немал соодветна лиценца за возач на меѓународни линии.

Несреќата се случи на 23-ти ноември рано наутро на автопатот Струма во близина на градот Перник.

Хусеини за Телма: Автобусот на Беса Транс кој изгоре не е во евиденцијата дека сторил прекршок за непочитување на протоколите за Ковид-19