Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со очекување за подобро – гласаат најстарите штипјани

/

пред 2272 дена

Сподели преку :

„Секогаш очекуваме поубаво да биде“ – ова се желбите и очекувањата на 92 годишната Стојанка Дамјанска, која денеска своетот право на глас го оствари во својот. Едно од најстарите штипјани пред камерите вели дека на секои избори гласа, а додека ја држеле нозете, свечено дотерана  си гласала на своетот избирачко место 22 39 во гимназијата Славчо Стојменски. Неколку куќи подолу во штипското маало Кадиодаре гласаше и нејзиниот сосед, на кого сопругата му помогна да гласа.

Гласањето на болните и изнемоштени лица насекаде во земјава според здравствените протоколи. Членовите на избирачките одбори се со маски, визири и ракавици, се држи растојани меѓе нив. Избирачките места денеска ги уредуваат, според протоколите за гласање на овие избори, се поставуваат параваните, столчињата на растојание од два метра. Денеска во штипскиот Затвор на гласачкото место 22 91 А се гласаше токму како што налагаа протоколите, просторијата е сменета од претходните избори, сега осудениците од 40 општини гласаат во игротеката. Од 192 осуденика, до 10 часот правото на глас го искоритиле 59 лица.

Во штипскиот регион денеска своето право на глас го искористија 216 болни и изнемоштени лица.

Викторија Јованова