Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средните училишта во Полошко ќе почнат онлајн, основните со физичко присуство

/

пред 1863 дена

Сподели преку :

Комисијата за заразни болести го прифати барањето на Кризниот штаб на Тетово новата учебна година во средните училишта во Полошкиот регион да почне онлајн поради состојбата со пандемијата со Ковид-19.

Министерот за здравств Венко Филипче на прес-конференција во Тетово со градоначалничката Теута Арифи, рече дека наставата во средните училишта на 1 септември ќе почне онлјан и така ќе се одвива две недели, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развјот на состојбата.

Наставата во основните училишта, пак, на 1 септемри ќе почне со физичко присуство.