Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот ги повика дебарските гимназијалци на настава со физичко присуство

/

пред 2192 дена

Сподели преку :

Средношколците во Дебар успеаа во својата намера наставата да ја следат со физичко присуство. По одржаниот протест во училишниот двор утринава, директорот се обрати пред учениците и им соопшти дека и покрај одлуката за онлајн настава, од понеделник можат да си дојдат на училиште.

Директорот Имери рече дека по барање на Советот на родители, но и потписите од страна на учениците, треба да се донесе храбра и мудра одлука. Затоа, како што кажа од 5 октомври ќе почнат со настава во две смени со запазување на сите протоколи.  Тој потсети дека заедно со колективот ги исполниле сите услови барани од МОН, а потврда за тоа е позитивниот одговор од Државниот инпекторат за образование, но на крај „добивме одговор дека наставата треба да се изведува онлајн“ што е, вели, несветливо ниту за нас ниту за учениците. Учениците носеа само една парола на која пишуваше „Стоп за онлајн настава. Ковид-19 не може да не спречи да бидеме присутни“.

Во гимназијата во Дебар настава на македонски и албански наставен јазик следат 584 ученици, од нив 156 се во прва година.