Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Талат Џафери останува на чело на Собранието

/

пред 2237 дена

Сподели преку :

-Талат Џафери е договорено да биде претседател на Собранието, одговори Зоран Заев, претседателот на СДСМ на прашање на новинарката на Телма Соња Николовска.

Заев и Ахмети на прес конференцијата по постигнувањето на договор за коалицирање не сакаа да прецизираат дополнително кои имиња за кои министерски ресори се договорени, оставајќи ја информацијата за утре по одржување на партиските состаноци на надлежните органи во партиите.

Согласно договорот, Заев ќе има 4-годишен премиерски мандат со промена во последните 100 дена на владата пред избори, кога претседател на влада треба да биде кандидат по предлог на ДУИ. Старо-новите коалициони партнери се согласиле со измени во Законот за влада да биде укинат форматот на пржинска влада (со опозициони министри и заменици-министри во последните 100 дена на мандатот на владата).