Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешка сообраќајна несреќа во Преспа

/

пред 2255 дена

Сподели преку :

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Преспа, едно лице загина, а три се тешко повредени, меѓу кои е и 10 годишно дете.

Животот го загуби жена на околу 60 година, а со тешки повреди се здобиле девојче на 10 години и маж на 40 тина години. Ови две лица првично  се пренесени во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите во моментот се транспортираат на Клиниките во Скопје.

Во  битолската болница  со тешки повреди е хоспитализирано уште едно лице од оваа несреќа, на возраст од околу шеесетина години, потврдуваат за Телма од оваа здравствена установа.