Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тие што сакаат, ќе добијат вакцинирани попишувачи 

/

пред 1857 дена

Сподели преку :

Граѓаните што ќе одбијат невакцинирани попишувачи, ќе бидат попишани од вакцинирани лица, тврди премиерот.

Убедува дека е мал бројот на невакцинираните попишувачи и дека ќе се најде решение и за овој проблем, поради кој граѓаните се загрижени.

И директорот на Државниот завод за статистика тврди дека ќе се обезбеди безбедно попишување, но се бара совест и од граѓаните.

Пописот почнува во недела наутро, во ек на третиот бран на корона вирусот.

Сите 50 пописни комисии се екипирани, а во деновите до пописот се прават дополителни обуки, но и планови за попишување.

Секој попишувач, заедно со својот реонски инструктор, треба да  направи  план на движење низ пописниот круг.Попишувањето ќе трае до 30 септември.

Далиборка Демјанска