Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрешното рочиште за случајот „Титаник” се одлага за 22 септември

/

пред 1846 дена

Сподели преку :

Главната расправа за предметот „Титаник“, предвидена за утре, се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од Ковид-19, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Како што се наведува во соопштението, рочиштето за овој случај е презакажено за 22 септември.

Воедно, истовремено е закажана и расправа за предметот, во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, каде застапник на обвинението е истиот јавен обвинител.