Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре истекува рокот за доставување на извештајот од штипската болница до ДЗСИ

/

пред 2145 дена

Сподели преку :

Утре е крајниот рок за да се достави извештајот до Државниот здравствен и санитарен инспектарот од комисијата на штипската болница за случајот со 41 годишата беровчанка, која на 14 ноември почина на Инфективното одделение.

Директорот и вработените на одделението вчера ги доставиле писмените  изјави, кои се однесуваат  до инспекторот. Директорот на штипската Клиничка болница во писменото соопштение до медиумите вели дека коректно е да се почека извештајот.

“Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејството на починатата.Поради тоа што во моментот има вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ, као и дадено задолжување на Комисијата за контрола на здравствени и етички прашања при КБ Штип, да го иследи случајот и да поднесе писмен извештај, сметаме дека во моментот е коректно да ги почекаме извештаите.По добивањето на истите, ќе имаме појасна слока за случајот и дали имало евентуални пропусти” , вели во соопштението Ален Ѓеорѓијев дирeкторот на клиничката болница во Штип

Инспекторите пред два дена констатирале дека тој ден за 56 пациенти се грижеле два тима, составени од тројца лекари и четири медицински сестри, а на смена биле 12 часа, а дневно се трошат од 30 до 40 боци со кислород.

Викендов ќерката на починатата Руменка Довичинска на социјалните мрежи објави скриншотови од мобилниот на нејзината мајка, на кои се гледа дека на повиците никој не и одговорил.

По овој случај во функција се ставени уште два мобилни телефони за пациентите, бидејќи во собите нема копчиња, со кои се алармира персоналот.

Викторија Јованова