Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Учебната година дефинитивно почнува на 1 октомври, начинот на настава неизвесен

/

пред 2207 дена

Сподели преку :

Нема политички консензус меѓу власта и опозицијата за измените во законите за образованието, поврзани со наставата за време на пандемија.

За потребата од измени гласаа сите, но опозицијата има бројни забелешки и најавува амандмани.

Владата предлага, да и` се дадат одврзани раце, со уредба да го утврдува почетокот и крајот на учебната година, која би можела да биде пократка и за три месеци, да ги скрати училишните часови, да организира комбинирана настава и да ги уредува распустите.

Министерката за образование најави дека училишната година ќе почне на планираниот датум, но одлуката за начинот на кој ќе се одвива наставата не е конечна.

Тестирањата на електронските можности и обуките за онлајн настава се` уште  траат, а се бара и начин да се обезбедат 40 илјади електронски уреди за учениците на кои им се потребни.

И опозицијата денеска имаше безброј прашања на оваа тема.

За нив е  проблематична и идејата за скратена училишна година.

Најавија амандмани на законските измени во кои, меѓу другото, ќе побараат и владата да обезбеди компјутери за секое дете или барем за оние кои се од социјален ризик.

Негодуваат и за тоа, зошто владата да ја носи одлуката за почеток на учебната година, без предлог на ресорниот министер, прашувајќи дали можеби немаат доверба во својот министер?

Далиборка Цветановска