Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Комисијата предлага задолжителна вакцинација за вработените во јавниот сектор и за здравствените работници

/

пред 1784 дена

Сподели преку :

Крупна мерка за невакцинираното население утрово препорача Комисијата за заразни болести до Владата.

Повеќе од 130 илјади административци за да одат на работа ќе мора да бидат вакцинирани. Во спротивно, ќе мора да одвојат просечно околу 120 евра месечно од свој џеб, само за ПЦР тестирање.

Засега нема информации колкав е опфатот на имунизирани административци. И не се само тие опфатени со оваа мерка. Дури до 30% невакцинирани здравствени работници исто ќе имаат обврска да се имунизираат.

Нема одговор од здравствените власти што би било во случај дел од медицинарите да останат невакцинирани.

Во однос на Ковид-сертификатите и тоа што е општ впечаток дека се прави во однос на злоупотреба и прикажување на лажно искреирани документи за влез во кафеани, барови, спортски и културни настани – министерот го адресираше и тој проблем.

Во Министерството се свесни дека се прават злоупотреби и дека има повеќе сертификати отколку вакцинирано население, но тврдат дека има алатки за ова да се исконтролира. Овој проблем ќе биде разгледан на главниот Кризен штаб.

Мерката за задолжителна имунизација на администрацијата ќе важи десет дена откако Владата ќе донесе одука, односно во период од 30 дена за здравствените работници.

Експертите во Комисијата потребата од ваква мерка ја базираат на тоа што болниците мора да работат и може да се избегне преоптовареност со невакцинирани пациенти заболени со Ковид.

Петар Догов