Заменик министерот за здравство Илир Хасани (предлог на ДУИ) околу 17:40 часот поднесе оставка и ја објави на својот фејсбук профил.
-Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со модуларните болнички постапки, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и на крај самиот себе .
Ништо не е над достоинството!, напиша Хасани кој е заменик министер по последните избори 2020-та.

Министерот Венко Филипче најави обраќање за во 19 часот. Според поканата за настанот не се предвидени прашања од новинари туку само обраќање на Филипче, кој вчера го одржа првиот прес по трагедијата во Тетово и рече дека ќе размислува за оставка дури по завршување на истрагата.
Претходно оставки и највисоките членови на менаџментот на тетовскиот клинички центар, директорот Флорим Бесими (поранешен пратеник и брат на министерот Фатмир Бесими) и економскиот раководител Артан Етеми.











