Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Флорин Бесими најави дека ќе го врати мандатот за пратеник во Собранието

/

пред 2232 дена

Сподели преку :

Флорин Бесими од Демократската Унија за Интеграција, брат на Фатмир Бесими,  го враќа мандатот за пратеник во собранието. Во пишана изјава до медиумите, тој пишува дека го враќа мандатот за да се избегне можен конфликт на интереси со неговиот глас во собранието.

Вчера, антикорупциската комисија го проблематизираше евентуалното гласање на Флорин Бесими за идната влада, во која неговиот брат е предложен за министер за финансии.

“Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада. Oваа моја одлука е по претходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети и ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на собранието, пишува Флорин Бесими.

Додава дека се враќа во служба на граѓаните,  во неговата професија, и во неговиот град.