Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Форензичари за пожар и за ласерско мерење доаѓаат од Германија за помош во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница

/

пред 1846 дена

Сподели преку :

Двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање ќе го сочинуваат германскиот тим од Федералната криминалистичка служба кој ќе помогне во расветлувањето на околностите на трагичниот пожар во тетовската модуларна болница.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција рече дека во МВР веќе се подготвува соодветна поддршка како алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.

– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на обвинителството при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски.

4-члениот германски тим треба да пристигне по завршената претходница на терен.