Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Централниот одбор на СДСМ ќе го бира Ковачевски за мандатар, ако треба ќе му достават и потписи на Пендаровски

/

пред 1744 дена

Сподели преку :

Највисокото партиско тело на СДСМ, Цантралниот одбор ќе заседава во текот на наредната недела. Димитар Ковачевски ќе биде избран за нов мандатар а ќе се избере и ново раководство на партијата, генерален секретар и потпретседатели. Иако пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека нема логика за собирање потписи, ниту пак уставна норма тоа да го пропишува, доколку претседателот на државата Стево Пендаровски инсиситира да се соберат потписи, тие тоа ќе го сторат.

Ваквата пракса ја водеде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој во 2017 година не му го даваше мандатот на Зоран Заев се додека не докажеше дека има мнозинство за формирање Влада. СДСМ во тој период беше второпласирана со број на мандати.

За ВМРО-ДПМНЕ целата постапка околу најавата за собирање потписи е  политички театар.

Претседателот на државата ќе го додели мандатот во средината на неделата откако ќе добие известување за името и презимето на канидатот за премиер. По ова почнуваат да течат роковите при што мандатарот е должен во рок од 20 дена да му поднесе на Собранието програма и да го предложи составот на Владата.

Седницата за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата. Расправата трае два дена. Во партиите во тек се внатрепартиски консултации за изборот на новиот владин кабинет кој се очекува да се избере до средината на јануари.

Јулијана Пешевска