Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипската модуларна болница речиси исполнета

/

пред 1861 дена

Сподели преку :

Двоцифрените бројки на новозаразени во неколку општини на истокот веднаш удри и врз болничките капацитети. Во штипската модуларна болница има само два слободни кревети, а деновиве поради напливот на пациенти активирана е и кочанската модуларна болница. Началничката на штипскиот ковид центар Дијана Шишкова Гајдарџиска за Телма вели дека во функција е и штипското кожно одделение, каде се сместени десеттина пациенти, чија здравствена состојба е стабилизирана по третманот во модуларната болница.

Во штипскиот Ковид центар, кои ги опфаќа модуларната болница и Кожното одделение  имаме 53 пациенти. Триесет и тројца или  околу 75 отсто од вкупниот број на  пациентите во модуларната болница се на кислородна поддршка. Имаме млади пациенти на возраст над 30 години и  ни доаѓаат во тешка здравствена состојба. Седум пациенти ни се од 30 до 40 години, а шест пациенти на возраст од 40 до 50 години, вели Дијана Гајдарџиска-Шишкова – Началничка на штипскиот ковид центар.

Засега состојбата во Брегалничкиот регион не е критична, како во Полошкиот, но надлежните во болниците велат дека доколку имаат уште поголем притисок спремни се за реорганизација. Дополнителен проблем им е што се појавиле долгови по претходниот, трет бран на коронавирусот. Кога имаа исполнети болнички капациети, но и зголемена потрошувачка на медицински кислород и лекови.

Во тек е и реконструкцијата на Инфективното одделение, со европски пари, а се очекува во функција да биде ставено во септември.

Викторија Димитрова Јованова