Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипјанец по месец и половина повторно заболен од корона

/

пред 2250 дена

Сподели преку :

46 годишен штипјанец по вторпат е заразен со коронавирусот. Првиот пат болеста ја прележал асимптоматски, без поголеми проблеми и во јуни имал два негативни тестови. Но, деновиве е повторно заразен, како член на семејство од познатиот штипски текстилен кластер. Неговата состојба во овој случај е посериозна и е хоспитализиран на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

На Инфективното одделение се лекуваат 34 пациенти со коронавирус, 11 се сомнителни и ги чекаат резултатите, повеќемина  се од Штип, но има и од останатите градови во источниот регион. На инфективното помагаат и кардиолози и анестезиолози.

Во ковид центарот имаат  и неколку пациенти на кислородна поддршка, досега ниту еден од респираторите не е вклучен, а денеска во болницата пристигна и нов ваков апарат, кој има и други функции.

Инфектолозите и епидемиолозите се борат за секој човечки живот веќе шестти месец ја бијат битката со вирусот. Бројките на заразени пополека се намалуваат во штипскиот регион, денеска Центарот за јавно здравје имаат регистрирано 10 позитивни случаи,  на пунктот со упат од матичен лекар имаат земено над 55 брисеви, а денеска Штип има нова жртва станува збор за 58 годишен маж, кој по професија е свештеник.

Викторија Димитрова Јованова