Бугарите во 1941-ва ја окупирале Македонија и тоа не може да се спори, вели за Телма претседателот на макеондскиот тим на мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев. Според Ѓеоргиев периодот на Југославија, колку и да бил негативен во смисла на еднопартискиот систем, сепак не може да се смета дека бил негативен за Македонија, бидејќи Македонија тогаш најмногу просперирала. Со Ѓоргиев разговараше Тамара Грнчароска.











