Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

200 новозаразени – уште четери лица починаа од корона вирусот

/

пред 2247 дена

Сподели преку :

Денеска се регистрирани 200 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11754, оздравени се 15 пациенти – починати се 4 лица.

Направени се 1828 тестирања. Ковид битлтенот по градови изгледа вака; Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-14, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-5, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-4, Свети Николе-3, Кичево-6, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од: Велес-2, Битола-6, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-3, Ресен-2.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754,  бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523