Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

22,2 повеќе нови случаи и 2,3 пати повеќе починати од Ковид-19 во неделниот извештај на ИЈЗ

/

пред 2033 дена

Сподели преку :

А во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје се забележува зголемување од 22,2% на нови случаи и 2,3 пати повеќе починати, споредено со претходната недела. Расте и процентот на позитивни од бројката на тестирани.

Најголемо зголемување на бројката на заразени има во Скопје, а потоа следува Неготино. Во однос на возраста, најголем број се над 60 години, но има и зголемување кај лицата од 30 до 39 години. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години.

Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, што е 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Од нив, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.