Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

6-тата управа е за да го штити животот на премиерот, а не да го спречува да вози мотор без кацига

/

пред 2200 дена

Сподели преку :

Нов бојлер од 2.000 литри фотоволтаични ќе им ги намалува сметките за топла вода и струја на специјалците од ЕБР.

Но, дали ќе има ново име на директорската позиција во Бирото за јавна безбедност, министерот Спасовски не открива. Директор на полицијата сега е Сашо Тасевски, кој беше на претставувањето на иновацијата во полицискиот центар Ѓорче Петров, а има и уште две години мандат. Спасовски вели името на кандидатот го знае и ќе го соопшти многу скоро без да прецизира дали ќе има промена во Бирото по вкус на ДУИ како што се шпекулира.

Полицаецот кој ги пишувал казните на Заев, Николовски и Филипче затоа што министрите се возеа по Скопје без кациги не погрешил, смета министерот иако има исправки на впишаните датуми на записниците за 50 евра глоба. Не погрешиле ниту од 6-тата управа кои треба да го чуваат Заев, тврди Спасовски кој грешката ја впиша на личното конто на неговите колеги.

Во јавноста пак казната и записниците кои испливаа на неколку портали се гледаат како популизам на власта.

Миомир Серафиновиќ