Агенцијата за храна и ветеринарствцо, на граничниот премин Ќафасан, спречи пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требало да транзитира низ нашава држава.
- „Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија. Со оваа одлука, АХВ покажа навремена превенција од потенцијални здравствени ризици.











